Единствениот денешен меч во НХЛ го одиграа екипите на Филаделфија Флаерс и на Бостон Бруинс. Истиот беше решен после продолжение со 3-4 во корист на Бостон.
Победничкиот состав, после само дванаесет секунди игра, го отвори резултатот преку Давид Пастрнак.
Во втората третина, Флаерс израмнија на 1-1 преку Кевин Хејс, а во третиот период, Јакуб Ворачек и Џоел Фераби им донесоа предност од 3-1, комплетирајќи го целосниот пресврт.
Сепак, во завршните осум минути, Пастрнак постигна уште два ,,пауер-плеј” погодоци за запишување на нов хет-трик и за изборување на дополнителни пет минути игра.
Во продолжението, Патрис Бержерон го постигна победничкиот гол за Бостон и го искачи својот тим на врвот на Источната дивизија, потиснувајќи ги Флаерс на второто место.
📸 nhl.com



