Втора недела по ред, биатлонците од Светскиот куп ќе се натпреваруваат во германскиот Оберхоф.
На денешната програма, жените имаа спринт-трка на 7,5 километри со по две пукања.
До победата, покрај едниот промашај, дојде Норвежанката Тирил Екоф (22:33,8), којашто победи на сите досегашни овосезонски трки во Оберхоф.
На второто место се пласираше актуелната шампионка Доротеа Вирер (+9,3), а по третпат во низа, третата позиција ја освои Лиза Тереза Хаузер (+12,6).
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Жистин Бреза-Буше (+19,4), Ане Шевалие-Буше (+23,5), Франциска Пројс (+33,5), Хана Оберг (+38,2), Марте Олсбу Роиселанд (+40,4), Јулија Швајгер (+41,0) и Маркета Давидова (+41,8).
📸 Alexander Hassenstein/Bongarts/Getty Images