Кунлун Ред Стар дојдоа до петтата овосезонска гостинска победа, откако денес беа подобри од Сибир Новосибирск со 1-3.
Кинеските претставници погодија двапати во првата и еднаш во втората третина.
Стрелци на головите беа Вјачеслав Лешченко, Рајан Спраул и Итан Верек.
По третиот погодок, Сибир направи промена на голманската позиција, ставајќи го Антон Красоткин наместо Хари Сатери.
Сепак, сè што успеа да направи домаќинот во третата третина беше да постигне почесен погодок преку Олег Ли.
Ситуацијата на табелата остана непроменета, со тоа што Сибир е деветти, а Кунлун единаесетти на Истокот.
📸 Kunlun Red Star