Во заостанат натпревар од првата кошаркарска лига на Македонија, во Гостивар истоимената екипа го нагости тимот на ЖКК Струга 2009 и стружанки дојдоа лесно и рутински до триумф од 21:81 по четвртини (8:15; 1:25; 5:17 и 7:24).
Поради Ковид проблемите и во кошарката има големи пречки непречено да се одвиваат натпреварите. Во победничкиот табор на ЖКК Струга најдобар стрелец беше Модева со 23 поени, а во чекор ја следеа: Велјаноска и Ускоска по 10 поени, Попоска 7, Зенку и Белеска по 5, Стојановска, Зендели, Устијаноска, Пешиноска и Филоска сите по 4 поени, а Чочороска постигна 2 поени. Во домашната екипа на ЖКК Гостивар најмногу поени постигна Петреска вкупно 8.