
Првото натпреварување во историјата на Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција, кое содржеше масовен старт се одвиваше денес во Отепаа, Естонија.
Поради лошите временски услови во утринските часови, наместо скокачкиот, првата серија беше сочинета од скијачкиот дел.
Накрај, како вкупна победничка по третпат сезонава, излезе Норвежанката Гида Вестволд Хансен, која беше второпласирана после првата серија.
Водечката од скијачкото издание, Ида Марие Хаген, потфрли во втората серија, но сепак го освои второто место по третпат во низа.
Подиумот го комплетираше Јапонката Јуна Касаи, која со одличниот скок, од дванаесеттата напредна до третата позиција.
Во продолжение, пласман во топ 5 изборија уште Марте Линан Лунд и Аника Сиф.



