Вардар лесно славеше над Охрид со 33-26 (полувреме 17-9). Тимур Дибиров беше прв стрелец на средбата со 11 гола, Талески, Гаџа и Мишевски дадоа по 4 погодоци. Кај Охрид Кривокапиќ со 7 погодоци беше најдобар.
Еурофарм Пелистер 2 во 14. коло на Суперлигата лесно го совлада десеткуваниот Металург во Битола со 39-23 (полувреме 16-10). Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со 8, додека во тимот на Металург се истакна Хорват со 7 погодоци.



