Првото натпреварување од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција во Отепаа, Естонија, беше одржано денес по обратен редослед.
Имено, поради лошите временски услови во утринските часови, скијачите, наместо во скокање, прво се натпреваруваа во трчање.
Станува збор за првата трка во масовен старт после 2018, на која, најбрз беше фаворитот Јарл Магнус Риибер.
Риибер ги покажа и своите скокачки способности во втората серија, кои му ја донесоа петтата овосезонска победа.
Зад него, на подиумот се пласираа неговиот сонародник Еспен Бјорнштад и Германецот Мануел Фаист.
Пласман во првите пет изборија уште Рјота Јамамото и Илка Херола.