
Вториот овосезонски спринт од Светскиот куп во биатлон се одржа во Хохфилцен, Австрија.
На него, Јоханес Тингнес Бо (23:04,0) дојде до третиот триумф во низа со стопроцентен стрелачки учинок.
Позади него, на второто и на третото место завршија Емилиен Жакелан (+43,0) и Штурла Холм Лагреид (+46,9), кои имаа по еден промашај.
Четвртата позиција ја освои Филип Фјелд Андерсен (+54,5), а одличното петто место му припадна на Летонецот Андрејс Расторгујевс (+1:00,4).