
Третите овосезонски спринтови од Светскиот куп во крос-кантри го отворија тркчкиот викенд во Беитоштолен, Норвешка.
Кај дамите, најдобра и на трката и на квалификациите беше Швајцарката Надин Фендрих (2:57,31), оставајќи ги зад себе на подиумот Лота Уднес Венг (+0,93) и Јохана Матинтало (+1,42).
Во финалето, исто така, се пласираа Тирил Уднес Венг (+3,27), Кристине Ставаас Скистад (+7,98) и Тереза Беранова (+9,15).
Во машка конкуренција, Ришар Жув (2:36,5) дојде до посакуваниот триумф, додека на второто место заврши Италијанецот Симоне Мочелини (+0,1).
За Мочелини, ова беше прв подиум во кариерата на својата осма трка во Светскиот куп.
Најниското место на пиедесталот му припадна на Кале Халфварсон (+0,4), а во последната трка учествуваа уште Паал Голберг (+0,7), Јони Меки (+1,1) и Лука Шанава (+8,3).