Во првата од синоќешните три средби во НХЛ, Торонто Мејпл Лифс ги поразија Филаделфија Флаерс со резултат од 0-3.
За канадскиот состав, ова беше шеста победа на последните седум лигашки натпревари и прва над Филаделфија на гостински терен после 3 ноември 2019.
Флаерс имаа повеќе шутеви кон противничкиот гол, но сите 36 обиди беа одбранети од Џек Кемпбел, кој дојде до вториот шут-аут во сезоната.
За Мејпл Лифс, издоминираа напаѓачите од првата постава, односно Остон Метјус со две асистенции и Вилијам Ниландер со два погодоци.
Освен Швеѓанецот, во листата на стрелците се запиша и Ондреј Касе, кој воедно го постави конечниот резултат и го запиша јубилејниот стоти поен во НХЛ.
Со новите два поени, Торонто скокна на четвртото место на Истокот, додека Филаделфија падна на деветтата позиција.