Тампа Беј Лајтнинг се на чекор до финалето, поведувајќи со 3-1 во полуфиналната серија со Њујорк Ајландерс.
Вечерва беше одигран четвртиот дуел во кој Лајтнинг славеа со 1-4.
Најпрво, Ајландерс поведоа во средината на вториот период со голот на Брок Нелсон.
Во продолжение, Тампа Беј го најави, го почна и го комплетира својот пресврт преку четири различни стрелци: Блејк Колман, Ондреј Палат, Брејден Поинт и Патрик Марун.
Интересно е дека Ајландерс водеа само петнаесет секунди, а веќе после дваесет и седум секунди игра, Тампа Беј водеше со 1-2.
Петтиот меч од оваа серија е закажан за 16 септември во 02:00 часот по полноќ.



