Вториот еднодневен натпревар од интернационалната крикет серија помеѓу Англија и Австралија го добија Англичаните со 231/9 (50) – 207/10 (48.4).
Актуелните светски шампиони во еднодневен формат покажаа подобра игра и во удирањето и во фрлањето.
Најефикасен удирач на Англија беше Еоин Морган со 42 поени, а од фрлачите се истакнаа Крис Воукс (3-32) и Сем Куран (3-35).
Кај Австралија, Адам Зампа (3-36) повторно беше најдобар фрлач, а Арон Финч (73) – најдобар удирач.
Наредниот меѓусебен еднодневен дуел е закажан за 16 септември.