Милвоки Бруерс синоќа беа декласирани на домашен терен од ривалите Чикаго Кабс со очајни 0-12.
По воведната меѓусебна победа на Милвоки од 1-0, следуваа двете победи на Кабс, кои се први во Централната дивизија на Националната лига со учинок од 28-20. Во истата група, Милвоки се третопласирани со 20-24.
На синоќешниот меч, Кабс постигнаа пет и четири поени во четвртиот и петтиот ининг со што го најавија својот триумф.
Единствен играч што постигна хоум-ран беше Давид Бот во петтиот ининг.
Очајноста во играта на Бруерс беше искажана преку статистиките според коишто претставниците на Висконсин немаа ниту еден удар!