
Тампа Беј Баканирс изборија пласман во втората фаза од плејофот, откако ги совладаа Филаделфија Иглс со 31-15.
Во текот на првите три четвртини, на теренот доминираа Баканирс, кои водеа со 31-0 после 45 минути игра.
По еден тачдаун за актуелните шампиони постигнаа Џовани Бернард, Ке’Шон Вон, Роб Гронковски и Мајк Еванс, а квотербекот Том Брејди уфрли 271 јард од 29/37 комплетирања.
На спротивната страна, Иглс имаа три загубени топки во првите три квартали, а во четвртиот успеаја само да го ублажат поразот преку тачдауните на Бостон Скот и на Кенет Гејнвел.
Нивниот квотербек, Џејлен Хартс, префрли 258 јарди од 23/43 обиди и запиша еден тачдаун со две пресечени додавања.
Во соработка со НФЛ Македонија




