
Во 18. коло од грчката Супер лига, за првпат во 21. век, АЕК испушти бодови во Атина против Панетоликос, откако загуби со 1-2.
,,Црно-жолтите” влегоа во дуелот како огромни фаворити што се покажа со надмоќта во првото полувреме, крунисана со голот на Карим Ансарифард (44′) за 1-0.
Во вториот дел, ситуацијата на теренот се промени во потполност со тоа што гостите од Агринио ја презедоа иницијативата.
Во 78. минута, после само девет минути поминати на зелениот тревник, Николаос Карелис израмни на 1-1.
Сепак, избраниците на Јанис Анастасиу продолжија со офанзивата и дојдоа до целосен пресврт со кандидатот за гол на годината, кој беше дело на Хавиер Мендоза (84′).
Аргентинскиот играч за врска биеше неодбранливо во горниот десен голмански агол од дваесет метри, а асистент беше првиот стрелец – Карелис.
Со новите три поени, Панетоликос скокна на деветтото место, додека АЕК остана на третата позиција и изгуби шанса да го претекне второпласираниот ПАОК.




