Тампа Беј Лајтнинг го преполовија заостатокот на 2-1 во финалната серија против Колорадо Аваланш, откако синоќа славеа со 6-2.
Лајтнинг, на домашен терен, ги надиграа ривалите од Денвер и им ја затресоа мрежата шест пати во првите две третини.
За Колорадо, двата погодоци ги постигна ист хокеар – Габриел Ландеског.
На спротивната страна стрелаа шест различни играчи, односно Ентони Сирели, Ондреј Палат, Ник Пол, Стивен Стамкос, Патрик Марун и Кори Пери.
Во завршните мигови изби и една физичка пресметка поради која, дисциплински казни добија четири хокеари.