Соопштение
Почитувани љубители на фудбалот, симпатизери на Фк Караорман, поради голем интерес за бараж натпреварот помеѓу Караорман и Вардар Неготино кој ќе се одигра на 22.06.2022 (среда) во 17ч на стадионот ,,Борис Трајкоски” во Скопје (Маџари), Ве молиме сите заинтересирани кои сакаат да го следат натпреварот во Скопје да се пријават во инбокс на оваа страница со име и презиме и телефон за контакт најдоцна утре 21.06(вторник) до 19ч како би можеле полесно да се организираме околу превозот.
Поаѓање за Скопје во 13ч од паркингот кај ФК Караорман
Ви благодариме за соработката и интересот – стои во соопштението на ФК Караорман од Струга.