
Во неделата, Мајами Марлинс ги поразија Њујорк Метс со 2-6 на гостински терен и им ја прекинаа низата од три победи.
Сепак, синоќа, Метс успеаја да се одмаздат со триумфот од 6-0 и воедно да ја добијат меѓусебната серија со вкупни 2-1.
На третиот меч, домаќините ги постигнаа своите поени во првиот, во четвртиот, во петтиот и во осмиот ининг.
Во листата на поентерите се запишаа четири различни играчи, односно Брендон Нимо (х2), Џеј Ди Дејвис (х2), Џеф МекНил и Луис Гиљорме.
Во Националната лига, Метс (45-24) останаа на првото место, додека Марлинс (29-36) ја заземаат единаесеттата позиција.




