
Вегас Голден Најтс остварија стопроцентен овосезонски учинок над Сан Хозе Шаркс, откако ги совладаа по осми пат во 2021.
Имено, ,,Златните витези”, синоќа беа подобри од ,,Ајкулите” со убедливи 0-6, постигнувајќи по два гола во секоја третина.
Во првиот дел, мрежата на Алексеј Мелничук ја затресоа Алекс Пиетранџело и Киган Колесар, додека во втората третина погодија Вилијам Кериер и Џонатан Маршесолт.
Третиот период помина во знакот на Дилан Сикура, кој беше двоен стрелец, а притоа ги запиша и дебитантските голови во дресот на Вегас.
На голот на Вегас стоеше Марк-Андре Флери, кој со 19/19 одбранети шутеви дојде до шестиот шут-аут сезонава.
На табелата на Западната дивизија, Вегас речиси сигурно ја обезбеди првата позиција, додека Сан Хозе останува без плејоф на седмото место.



