
Синоќа, Атланта Хокс дојдоа до петтата победа на последните шест средби, откако ги совладаа Вашингтон Визардс со 120-116.
Во првиот дел, предноста повеќе беше на страната на Хокс, додека во второто полувреме, Вашингтон водеше и со +13, но ја прокоцка позитивата во самиот финиш.
Од редовите на Визардс, најефикасен со дабл-дабл учинок од 34 поени и од 15 асистенции беше Расел Вестбрук.
На спротивната страна, дабл-дабл имаше само Клинт Капела (17 поени и 11 скокови), а 33, односно 20 кошеви постигнаа Тре Јанг и Богдан Богдановиќ.
На табелата на Источната конференција, Вашингтон (32-38) се наоѓа на десеттото, а Атланта (39-31) на четвртото место.



