Ривалството помеѓу градовите Питсбург и Синсинати е присутно пред сè во НФЛ, но истото не отсуствува ниту од светот на бејзболот.
Имено, синоќа, Синсинати Редс славеа со 1-5 над Питсбург Пиратес после додатен ининг и дојдоа до деветтата меѓусебна победа на последните десет пресметки.
После регуларниот дел од мечот, резултатот гласеше 1-1, а Редс го добија дополнителниот период со 4-0.
За домашниот состав, единствен постигнувач на поени беше Кевин Њуман по ударот на Грегори Поланко.
Од друга страна, за Редс, со хоум-ран поентираше Мајк Мустакас, а освен него, по четири бази освоија уште Ник Сензел, Џеси Винкер и Ник Кастељанос.
Веднаш по натпреварот, Синсинати (17-17) го заземаше осмото, а Питсбург (15-21) – четиринаесеттото место во Националната лига.