Голден Стејт Вориорс се првиот тим од Западната конференција, кој има учинок од 3-0, после три одиграни натпревари.
Синоќа, во дербито на Калифорнија, Вориорс ги надиграа Сакраменто Кингс (1-2) со резултат од 107-119.
Претставниците на главниот град на југозападната сојузна држава се држеа резултатски добро речиси цел меч, со блага предност во неколку наврати, но попуштија во самиот финиш.
Кај Вориорс, по третпат во низа, нахефикасен беше Стеф Кари (27 поени, 7 скокови и 10 асистенции), после кој следуваа Џордан Пул и Ендру Вигинс со 22, односно со 17 кошеви.
На спротивната страна, дабл-дабл запиша Ришон Холмс (16 поени и 11 скокови), а поефикасни од него беа Де’Арон Фокс (17), Девион Митчел (22) и Херисон Барнс (24).