
Вегас Голден Најтс влегоа во резултатска криза, која синоќа, со поразот од 0-2 од Њујорк Ајландерс беше дополнително продолжена.
На мечот, домаќините имаа дури 42 шутеви кон противничкиот гол, но сите беа одбранети од Илја Сорокин, кој дојде до вториот шут-аут во низа.
Освен Русинот, победа на гостите им донесоа и двата стрелци, односно Џош Бејли и Метју Барзал.
На табелата на Западната конференција, Вегас ја зазема четиринаесеттата позиција со само два освоени поени после пет натпревари.
Од друга страна, Ајландерс се седми на Истокот со седум бодови од седум досегашни пресметки.