Вчера во ЕХФ Европскиот куп кај мажите се одигра “македонски” дуел помеѓу Фошани на Горан Крстевски и Каерјенг на Владимир Темелков. Победи тимот на Крстевски со 33-26. Ова беше втора победа на романскиот тим откако славеа и завчера со 35-27.
Крстевски мечот го заврши со 1 гол од 1 обид, додека Темелков постигна 3 гола на овој натпревар. Во првиот натпревар во саботата беа во променети улоги каде Горан Крстевски постигна 3 гола, додека Владимир Темелков на тој натпревар постигна 1 погодок.