Сан Франциско Џајантс и Лос Анџелес Доџерс го одиграа најинтересниот синоќешен натпревар, кој не за џабе беше прогласен за ,,дерби”.
Освен борбата за најдобар тим во Калифорнија, двете екипи се наоѓаат во неверојатни победнички серии. Имено, во пресрет на натпреварот, Сан Франциско имаше шест врзани победи, додека Доџерс имаа само еден пораз на последните дванаесет меча.
Синоќа, до победата дојде Сан Франциско и тоа преку два додатни ининга за конечен резултат од 10-8.
Играта изобилуваше со интересни ситуации, а беа постигнати вкупно пет хоум-рани.
За Сан Франциско, во првиот и во деветтиот ининг, хоум-ран забележа Брендон Белт, а во единаесеттиот ининг, победата им ха донесе Донован Солано.
За Доџерс, првиот хоум-ран го постигна Макс Манси, кој на добар начин го започна својот триесетти роденден, а вториот беше дело на Кори Сигер.