По почетниот пораз од 5-0 од Вегас Голден Најтс, екипата на Ванкувер Кенакс успеа да возврати со ,,петарда” на вториот четврт-финален натпревар.
Имено, Кенакс победија синоќа со 2-5 и израмнија на 1-1 во меѓусебната серија.
Стрелци за победничкиот состав беа: Тајлер Тофоли, Бо Хорват, Елиас Петерсон и Танер Пирсон. Квин Хјуз асистираше при првиот погодок и со тоа го израмни рекордот на франшизата на Ванкувер Кенакс со најмногу плејоф поени за еден дебитант (11).
За Вегас погодија Алекс Так и Мет Пачорети за намалување на резултатот на 1-2, односно на 2-4.



