По двата последователни порази, Денвер Нагетс успеаја да слават над Јута Џез и да изборат шести меѓусебен осмина-финален дуел, намалувајќи ја предноста на противниците во вкупниот резултат на 3-2.
Нагетс победија со 117-107 предводени од Џамал Мареј и од Никола Јокиќ. Дуото на Денвер беше најефикасно на мечот, односно Мареј постигна четириесет и два, а Јокиќ – триесет и еден поен.
Мареј забележа педесет поени на претходниот натпревар и стана првиот играч во историјата на Денвер Нагетс, кој постигнал над четириесет поени на два последователни плејоф натпревари.
Од таборот на Јута, најефикасен беше Донован Митчел со триесет поени.