
Словенката Ема Клинец ја запиша првата победа во својата кариера, откако беше најдобра на второто натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во новата сезона.
Имено, Клинец, во Нижњи Тагил, Русија, вчера го освои второто место, а со денешниот триумф ја презеде жолтата маичка како првопласирана скокачка во генералниот поредок.
Словенката го имаше најдолгиот скок на денот со должина од 97 метри во втората серија.
Веднаш зад неа се пласираше нејзината сонародничка, Урша Богатај, која стигна до третиот подиум во кариерата.
Во однос на првата серија, една позиција загуби Катарина Алтхаус, која го зазеде најниското место на пиедесталот.
Вчерашната победничка, Марита Крамер, стигна до четвртото место, а во првите десет се пласираа уште: Сара Таканаши, Жакелин Зајфрајдсбергер, Ника Крижнар, Силје Опсет, Ева Пинкелних и Кјара Кројцер.



