
Ана Берајтер (1:40,649) ја запиша третата индивидуална победа во кариерата, откако беше најбрза на втората овосезонска женска трка од Светскиот куп во санкање.
Германката стигна до победата во Сочи, иако беше втора после првата серија, а најмногу во тоа придонесе грешката на домашната натпреварувачка, Екатерина Катникова (+0,328), која мораше да се задоволи со шестото место.
На втората и на третата позиција завршија две санкачки, кои беа во топ 4 после првата серија, односно Кендија Апарјоде (+0,107) и Викторија Демченко (+0,268).
Најголем скок во однос на првото санкање имаше Елиза Тирума (+0,301), која од четиринаесеттото дојде до четвртото место.
Со новите сто поени, Берајтер го презеде првото место во генералниот поредок од денешната седмопласирана Австријка – Маделен Егле (+0,384).



