
На првата овосезонска трка на дистанца од 15 километри во машка конкуренција, одржана во Рука, Финска, триумфираше домашниот натпреварувач – Ииво Нисканен.
Финецот ја запиша шестата победа во кариерата, која воедно му е петта на финско тло и четврта во Рука.
Зад него, на подиумот се пласираа двајца Руси, односно Алексеј Червоткин (+8,3) и актуелниот шампион – Александер Болшунов (+14,1).
Во првите десетмина се пласираа уште тројца Руси и четворица Норвежани – Ерик Валнес (+15,2), Сергеј Устиугов (+21,1), Илја Семиков (+26,0), Емил Иверсен (+28,9), Иван Јакимушкин (+29,5), Јоханес Клебо (+41,7) и Паал Голберг (+45,7).
Од друга страна, дамите се тркаа на десет километри при што втората победа во кариерата и прва во 2021 ја освои Швеѓанката Фрида Карлсон (24:29,4).
Најголемата фаворитка на долги патеки, Терезе Јохауг (+13,7), го освои второто место, а до првиот пиедестал во кариерата се искачи Германката Катарина Хених (+15,2).
Еба Андерсон (+31,8) стигна до четвртата позиција, а петтопласираната Криста Пармакоски (+35,1) беше најбрза домашна натпреварувачка.