
Во првиот натпреварувачки ден на КХЛ после репрезентативната пауза, ЦСКА Москва го совлада Јокерит со 1-3.
Домаќините од Финска го отворија резултатот во петнаесеттата минута од втората третина, кога Кристјан Комбе погоди за 1-0 на своето деби во КХЛ.
Сепак, само четиринаесет секунди подоцна, гостите од Русија израмнија на 1-1 со голот на Сергеј Андронов.
Во третиот период, руските претставници упатија само шест шутеви кон мрежата на Јане Јувонен, од кои, дури два влегоа позади неговиот грб.
Стрелец и на двата погодоци во завршниот дел од мечот беше Сергеј Плотников, кој со петнаесет голови е прв голгетер во својот тим заедно со Михаил Григоренко.
Со третиот пораз во низа, Јокерит, од првото, падна на четвртото место на Западот, додека ЦСКА скокна на втората позиција.



