
Вториот велеслалом во Алта Бадија, односно четвртиот од тековната сезона на Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција беше дел од денешната скијачка програма.
На него, распоредот на првите тројца после првата серија остана непроменет и откако заврши второто скијање при што Марко Одермат (2:26,07) ги натскија сите ривали.
Швајцарецот остана на првото место во генералниот поредок со три злата и едно сребро на четирите велеслаломи во 2020/21.
До првиот подиум во кариерата дојде Италијанецот Лука де Алипрандини (+1,01), кој со втората позиција ги израдува фановите на домашен терен.
Веднаш зад него се пласираше Александер Шмид (+1,09), освојувајќи го третиот пиедестал во својата кариера и ,,крадејќи” му ја бронзата на вчерашниот победник, Хенрик Кристоферсен (+1,11), за само две стотинки.
Во продолжение, пласман во топ десет изборија уште: Мануел Фелер (+1,48), Жистин Муризие (+1,52), Штефан Бренштајнер (+1,68), Расмус Виндингштад (+1,68), Матје Февр (+1,70) и Ривер Радамус (+1,76).



