
Во првиот меч од меѓусебната четвртфинална серија, СКА Ст. Петербург го совлада Торпедо Нижњи Новгород со 2-1 после продолжение.
На стартот на третата третина, водство на домаќините им донесе Николај Прохоркин, а на неполни три минути пред истекот на регуларниот дел, Владислав Фирстов израмни за гостите.
Сепак, после пет дополнителни минути, Дмитриј Јашкин, со петтиот гол во тековниот плејоф, им донесе радост на домашните навивачи.
Вториот дуел помеѓу двете екипи е закажан за сабота со почеток од 15.00 часот во Ст. Петербург.