
Екипата на Асат избори пласман во четвртфиналето на Лиига, откако во првата рунда го надигра ТПС Турку со вкупни 2-1.
Симболично, резултатот беше ист и на третиот меѓусебен дуел во кој, претставниците на Пори направија целосен пресврт во последните осум минути.
Најпрво, водство на гостите им донесе Теему Кивихалме на стартот на третиот дел, а радост на домашната публика и’ приредија Дерек Барач и Јесе Јоенсуу.
Во наредната фаза, Асат ќе ги одмери силите со вториот тим од регуларната сезона – Илвес од Тампере.