
Со синоќешната победа од 0-3, Бостон Бруинс дојдоа до шестиот меѓусебен триумф во низа над Винипег Џетс.
На мечот, во првата третина стрелаа Трент Фредерик и Павел Заха, а конечниот резултат го постави Томаш Носек на шест секунди пред крајот.
Домашната екипа упати триесет и шест шутеви кон голот на Џереми Свејман, кој со стопроцентниот учинок дојде до третиот шут-аут во сезоната.
Во Источната конференција, Бостон остана на лидерската позиција, додека Винипег го зазема осмото место на Западот.