Екипата на Филаделфија Иглс на домашен терен го пречека тимот на Сихокс, кој очекувано ја оправда фаворитската улога.
Имено, Сихокс рутински триумфираа со 17-23.
Во втората четвртина, победниците двапати ја внесоа топката во противничката енд-зона преку Дејвид Мур и преку Крис Карсон, додека првиот тачдаун за Иглс беше дело на Далас Годерт.
Мур на овој меч имаше -6 освоени јарди со фаќање со што стана само вториот рисивер во НФЛ од 1948 наваму, кој на ист меч имал тачдаун и негативен број на освоени јарди. Освен вајд-рисиверот на Сихокс, истото го има направено и Бракстон Милер.
Во вториот дел, Џејсон Мајерс трипати погоди филд-гол за Сихокс, а за Филаделфија, освен шутот за три поени на Џејк Елиот, поени донесе и популарниот ,,хеил-мери” пас за тачдаун на Карсон Вентц кон Ричард Роџерс.
Одличен на мечот беше Ди Кеј Меткалф, вајд-рисиверот на Сиетл, кој си постави рекорд на кариерата со 177 освоени јарди со фаќање.
Новиот триумф ги искачи Сихокс (8-3) до третото место во НФК, додека Филаделфија (3-1-7) е претпоследна екипа во истата конференција.
Во соработка со НФЛ Македонија



