Екипата на Сочи ја продолжи негативната серија, која навидум прекина пред три дена со триумфот над Динамо Рига од 3-2. Имено, ,,Леопардите” денес загубија од Барис Нур-Султан со 2-0 што претставува деветти пораз на последните единаесет средби.
За хокеарите на Барис, ова е прв ,,шут-аут” после 3 ноември, кога со 3-0 го победија составот на Динамо Рига, но тогаш на голот стоеше Јони Ортио, во споредба со Хенрик Карлсон, кој бранеше денес.
И двата погодоци што завршија во мрежата на Максим Третијак, паднаа кон средината на првата третина, кога казахстанскиот тим имаше игра 5 на 3, односно 5 на 4. Стрелци на головите беа Роман Старченко и Јакоб Лилја.
Со новите два поени, Барис се доближи на еден поен од плејоф-зоната, заземајќи го деветтото место на Истокот, додека, на Западот, Сочи е претпоследен, односно единаесетти.



