
На јубилејниот осумдесетти меѓусебен дуел, Сибир Новосибирск му нанесе пораз од 4-2 на Металург Магнитогорск.
Во првата третина, домаќините двапати поведуваа, а гостите во два наврати успеваа да го израмнат резултатот.
Сепак, претставниците на Новосибирск реализираа уште по еднаш во двата наредни периоди и дојдоа до посакуваниот плен.
За победничкиот состав, стрелци беа Александер Шаров, Илја Морозов, Владимир Бутузов и Никита Коробков, додека за ,,Лисиците” погодија Николај Голдобин и Александер Бурмистров.
Во Источната конференција, со овој триумф, Сибир изби на првото место, оставајќи го Металург на третата позиција.
https://www.instagram.com/reel/CnpDzsrI6YA/?igshid=YmMyMTA2M2Y=