
Втората трка од шестиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон, одржан во Антолц (Италија), беше машкиот спринт на десет километри.
На неа, до петтата победа во низа и покрај едниот промашај дојде Јоханес Тингнес Бо (22:44,1).
Норвежанецот, зад себе, на подиумот ги остави Швеѓанецот Мартин Понсилуома (+31,4) и својот сонародник – Штурла Холм Лагреид (+37,3).
Во продолжение, под една минута доцнеа уште Роман Реес (+56,7) и Ветле Сјастад Кристијансен (+57,0).
Времињата од оваа трка ќе бидат земени предвид при стартот на утрешната Потера на дванаесет и пол километри.