Во Остерсунд, Шведска, на денешната програма беа првите спринт-трки од новата сезона на Светскиот куп во биатлон.
Во женска конкуренција, шестата победа во кариерата ја запиша домашната скијачка, Хана Оберг (19:01,5), која ги погоди сите десет мети.
Исто така, без промашај својот настап го заврши второпласираната Ане Шевалие-Буше (+11,3), додека Марте Олсбу Роиселанд (+15,4) ја освои третата позиција со една грешка.
Пласманот во првите пет го комплетираа Белорусинките Динара Алимбекава (+18,0) и Хана Сола (+27,3).
Шведските навивачи беа презадоволни и после машката трка со оглед дека Себастијан Самуелсон (22:33,5) дојде до вториот триумф во кариерата.
Пиедесталот го комплетираа двајца Норвежани, односно Ветле Сјастад Кристијансен (+11,8) и Јоханес Тингнес Бо (+12,2), а Французите Емилиен Жакелан (+23,2) и Симон Дестио (+23,8) завршија на четвртата и на петтата позиција.