
Последниот настан од мини-турнејата Рука Тур од Светскиот куп во нордиска комбинација беше одржан денес и покрај неповолните временски услови.
Со оглед дека ветарот не дозволуваше да се заврши безбедно скокачкиот дел, наместо од денешната, беше преземен распоредот од предвремената серија, одржана во четвртокот.
Во неа, Јоханес Лампартер беше првопласиран, со шест секунди предност во однос на Марио Зајдл, односно со четиринаесет секунди пред Јарл Магнус Риибер.
При трчањето од десет километри, Риибер го стигна Лампартер уште на почетокот и скијаше рамо до рамо со него сè до последните петстотини метри.
На спустот пред целната рамнина, Норвежанецот (25:08,3) го претекна Лампартер (+12,4) и триумфираше по вторпат сезонава за вкупно освојување на Рука Тур.
Третото место му припадна на Јенс Лураас Офтебро (+33,0), додека вчерашниот победник, Теренс Вебер (+34,9), ја зазеде четвртата позиција.