Халкбанк Анкара дојде до десеттата победа во низа и го задржа стопроцентниот учинок во турската одбојкарска Ефелер лига.
Десетта овосезонска лигашка ,,жртва” на клубот од главниот град на Турција беше Јени Кизилтепе, кој загуби со 3-0.
Гостите го започнуваа секој од трите сетови со предност, но Халкбанк ја преземаше контролата во втората половина од партиите.
По сетови, резултатот гласеше 25-21, 25-21 и 25-22.
Од гостинскиот состав, поентерски се истакнаа само Филип Михал и Марко Бојиќ со 22, односно со 12 поени.
Од избраниците на Танер Атик, двоцифрени беа само двајца – Рамос Фернандо Ернандез (24) и Николас Бруно (12).
На табелата, Халкбанк остана на врвот, додека Јени Кизилтепе падна на деветтата позиција поради победата на Чизре од 3-2 над Бурса.