
Третиот натпреварувачки ден во Контиолахти (Финска) беше исполнет со првите овосезонски штафетни трки од Светскиот куп во биатлон.
Во машка конкуренција, актуелните шампиони, Норвешка (1:19:26,2), дојдоа до првото место со квалитетна постава: Ветле Сјастад Кристијансен, Штурла Холм Лагреид, Тарјеи Бо и Јоханес Тингнес Бо.
Јустус Штрелов, Јоханес Кин, Бенедикт Дол и Роман Реес (+43,9) и донесоа второ место на Германија, пред Франција (+1:05,9), составена од: Ерик Перо, Фабиен Клод, Емилиен Жакелан и Квентин Фијо Маје.
Кај дамите, на првата позиција се искачија Лин Персон, Ана Магнусон, Хана Оберг и Елвира Оберг, кои настапуваат за Шведска (1:14:59,8).
Во продолжение, пиедесталот го комплетираа Германија (+28,1) и Норвешка (+31,5).
Од Германките, на патеката беа Ана Вајдел, Софија Шнајдер, Ванеса Воигт и Денизе Херман-Вик, додека боите на скандинавската земја ги бранеа Каролине Кнотен, Ида Лиен, Рагнилд Фемштајнвајк и Ингрид Ландмарк Тандерволд.