
Првото изненадување на Светското првенство во Катар го приреди Саудиска Арабија, совладувајќи ја Аргентина со 2-1.
Аргентинците поведоа во десеттата минута со голот од дискутабилно досудениот пенал на Лионел Меси, кој стана првиот играч што стрелал на пет различни СП.
Во првото полувреме, претставниците на Јужна Америка имаа подобра игра, но Саудијците покажаа дисциплина во одбраната, која резултираше со десет аргентински офсајди.
Во вториот дел, Азијците направија брз ,,блицкриг” со пресврт во интервал од шест минути во ,,режија” на Салех Ал Шехри (48′) и на Салем Ал Давсари (53′).
За Саудиска Арабија, ова е прва победа над Аргентина во историјата, која ја стави на првото место во групата Ц во пресрет на дуелот помеѓу Полска и Мексико.