Вечерва во третото коло во Лигата на Европа во Битола се игра натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и многу квалитетниот тим на Фуксе Берлин, кој е моментално лидер во најсилната лига во светот Бундеслигата.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.
Тренерот Валтер го одбра составот за вечерашниот дуел во кој ќе недостигаат Хосни, Велковски и Суси. Шанса ќе добијат и сите шест стружани кои го носат дресот на Еурофарм Пелистер.
