
Во последниот меч од четвртото коло на НФЛ, Сан Франциско 49ерс ги поразија ЛА Ремс со 24-9.
За 49ерс, ова беше седми пат од последните осум меѓусебни дуели на кој запишаа триумф во дербито на Калифорнија.
На мечот, актуелните шампиони успеаја да дадат само три филд-голови преку Мет Геј, а од соиграчите, единствено се истакнаа Купер Кап со 122 јарди со фаќање и квотербекот Метју Стафорд со 32/48 додавања за 254 јарди, но со еден пресечен пас.
Од другата страна, Џими Гарополо уфрли 239 јарди и еден тачдаун од 16/27 прецизни додавања и еден тачдаун во рацете на Дибо Самуел (115 јарди).
Освен Самуел, топката во енд-зоната ја внесоа Џефри Вилсон со трчање и Таланоа Хуфанга со пик-6, а Роби Гулд ги погоди сите шутеви.
Несекојдневен момент од натпреварот беше и влегувањето на теренот на еден навивач со пиеотехника, кој беше брутално соборен од играчот на Ремс – Боби Вагнер.
На табелата на Националната конференција, двете екипи имаат учинок од 2-2 со уште пет други тимови, доволно за поделба на шестото место.




