Последниот тим што обезбеди плејоф во МЛБ е Филаделфија Филис, кој доби четири од последните пет натпревари.
Имено, Филис изборија доигрување за првпат после 2011, откако славеа над Хјустон Астрос со 0-3.
Протагонист во овој триумф беше стартниот фрлач Арон Нола со девет страјк-аути за 6.2 ининзи.
Исто така, заслужни беа и двајцата поентери, Брајсон Стот и Кајл Шварбер, кои имаа еден, односно два хоум-рани.
Во Американската лига, Хјустон го држи првото место, додека Филаделфија ја зачува шестата позиција во Националната конференција.