
Во шестото коло од грчката Супер лига, Панетоликос славеше на гостински терен кај Јанина со 1-4.
На мечот, домаќините мораа да бркаат негатива уште од седмата минута, кога Џонатан Морси го постигна првиот гол за победничкиот состав.
Осумнаесет минути подоцна, Николаос Карелис (25′) зголеми на 0-2, а до крајот на полувремето, за Јанина погоди Родриго Ерамуспе (34′).
Ерамуспе, иако игра на позицијата штопер, е најдобар стрелец во својот тим и го зазема третото место во лигата во овој сегмент со три голови.
Во второто полувреме, уште двапати стрелаше Карелис (71′, 87′), кој го комплетираше својот хет-трик и изби на второто место на листата на стрелците со шест погодоци.
На табелата, Панетоликос скокна на петтото место, а Јанина остана на дванаесеттата позиција.




