
Сан Диего Падрес се последните четвртфиналисти на тековната МЛБ сезона, откако во вајлд-кард рундата ги добија Њујорк Метс со вкупни 2-1.
Во третиот натпревар, претставниците на Калифорнија славеа на ,,Сити Филд” во Њујорк со резултат од 0-6.
На мечот, Падрес постигнаа по два поени во вториот и во осмиот ининг, а поентираа уште по еднаш во четвртата и во петтата деветтина.
Хет-трик од гостинските играчи имаше Ха-Сеонг Ким, а по еднаш, во листата на поентерите се запишаа Џош Бел, Џуриксон Профар и Трент Гришам.
Освен нив, маестрален беше и стартниот фрлач Џоу Масгрејв, кој освои пет страјк-аути и дозволи само една освоена база.
Во четвртфиналната фаза, Падрес ќе ги вкрстат копјата со своите ривали од истата сојузна држава, односно со ЛА Доџерс.




