
По јубилеен десетти пат во низа на меѓусебните дуели, Олимпијакос ја совлада екипата на ОФИ Крит.
Имено, во седмото коло од грчката Супер лига, претставниците на Атина ги поразија фудбалерите од Ираклион со резултат од 1-2.
После првото полувреме, ОФИ водеше со 1-0, благодарение на автоголот на Андреас Нтои (40′), кој дебитираше за Олимпијакос.
На стартот на второто полувреме, во игра кај гостите влегоа Хамес Родригез и Гери Родригеш, наместо Јоргос Масурас и гореспоменатиот Нтои.
Само седум минути подоцна, Хамес Родригез биеше непрецизно од белата точка, но после пет минути успешно му асистираше на Гери Родригеш (58′) за 1-1.
Конечниот резултат беше поставен на девет минути пред крајот, кога Седрик Бакамбу (81′) стрелаше по асистенција на Матје Валбуена.
На табелата, Олимпијакос изби на второто, а ОФИ остана на единаесеттото место.




